Евростат: Инфлацијата во ЕУ седум проценти

49

Според прелиминарните податоци, годишната стапка на инфлација во еврозоната во април изнесува 7,0 отсто.

Ова е зголемување од 0,1 отсто во однос на претходниот месец, објави денеска Евростат.

Основната стапка на инфлација забави во април, но и понатаму е на високо ниво од 5,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година, пренесува АП.

Цените на храната во април пораснале за 13,6 отсто, што е нешто помалку од мартовските 15,5 отсто, додека цената на енергенсите е зголемена за 2,5 отсто. Бавниот раст на цените на храната е добра вест, но експертите сметаат дека тоа е делумно погрешна последица на методологијата, додека тие се загрижени за високата базна инфлација.

Американската агенција проценува дека овие прелиминарни резултати ќе ја поттикнат Европската централна банка (ЕЦБ) да ја зголеми референтната каматна стапка за 25 или 50 базични поени во четврток.

Економистите од Дојче банк и Уникредит банка сметаат дека зголемувањето од 25 базични поени е пореална опција.

Целта на ЕЦБ за сузбивање на инфлацијата во еврозоната на 2,0 отсто е сè уште далеку, оценува АП.

Аналитичарите прогнозираат дека американската ФЕД во среда ќе ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени.