Евростат: Најниска невработеност во ЕУ во Чешка и Полска, најголема во Шпанија и Грција

50

Стапката на невработеност во Европската унија во септември изнесува 5,9 отсто, што е намалување за 0,2 процентни поени во однос на истиот месец од претходната година, објави статистичката служба на ЕУ, Евростат.

Најниска невработеност е забележана во Чешка од 2,8 отсто, потоа во Полска со 2,9 отсто и Малта со 3,0 отсто, соопшти Евростат.

Според извештаите, највисока стапка на невработеност е забележана во Шпанија со 11,2 отсто, а по неа е Грција со 9,3 отсто.

Според податоците на Евростат, висока невработеност е забележана и во Шведска и Финска, каде таа изнесува 8,5 односно 8,4 отсто.

Во септември годинава во ЕУ биле невработени 2.861 лице помлади од 25 години, така што стапката на невработеност кај младите во ЕУ изнесувала 14,8 отсто, пренесува Танјуг.

Кога станува збор за жените, нивната стапка на невработеност во септември изнесувала 6,1 отсто, соопшти Евростат.