Евростат: Цените на струјата и гасот во ЕУ се стабилизираа

Во Европската унија годинава се стабилизираа цените на струјата и гасот, објави Евростат.

Цените се стабилизираа по значителното зголемување кое започна пред почетокот на војната во Украина и нагло порасна во втората половина на 2022 година.

Цените на енергенсите тогаш пораснаа поради поскапувањето на природниот гас, што најмногу влијае на индустриското производство.