Еврото го надмина доларот

55

Доларот повеќе не е водечка валута, бидејќи еврото го надмина како монета за плаќање на меѓународни пазари, првпат од 2013-та година.

Дури 37,82% од меѓународните парични трансакции се извршени во европската заедничка валута, објави Блумберг, повикувајќи се на податоци од светското здружение за меѓубанкарски финансиски телекомуникации (Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication – SWIFT).

По еврото, следува американскиот долар, британската фунта, јапонскиот јен и канадскиот долар, коишто го истиснале кинескиот јуан од петта позиција.

Американскиот долар остана на прво место кога е во прашање пласирање на кредити и заеми. Експертите како причина за овој пад на доларот на листата најважни валути ги гледаат економската криза поради пандемијата, претседателските избори во САД и трговската војна со Кина.

Фото: Freepik