Еврото го „прегази“ доларот

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути нагло падна, откако вчера претседателот на САД, Доналд Трамп, кога беше прашан од новинарите за слабоста на доларот, рече дека вредноста на доларот е „одлична“.

Ноншалантниот одговор на Трамп ги охрабри трговците да го продаваат доларот, кој во последно време е под притисок поради она што аналитичарите го нарекуваат губење на довербата во американската валута.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 96,11 поени, блиску до најниското ниво во последните четири години, додека вчера во ова време беше 97,09 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 153,45 на 152,80 јени.

Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1995 долари, додека вчера во ова време беше 1,1875 долари.

Во еден момент, курсот на еврото се проби над 1,20 долари за прв пат од 2021 година.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот се зголеми утрово за 0,49 проценти, на 67,90 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,64 проценти, на 62,80 долари.