Еврото на најсилно ниво во однос на доларот од почетокот на август

52

Доларот се движи околу повеќенеделното најниско ниво во однос на кошницата валути денес, откако претседателот на Федералните резерви (ФЕД) Xером Пауел во петокот навести дека каматните стапки ќе пораснат подоцна од очекуваното.

Трговците на берзите на валути сега го свртеа вниманието кон извештајот за нови работни места во САД, кој треба да биде објавен во петок, за да добијат поблиски индиции кога ФЕД може да започне со намалување на програмите за купување обврзници.

Бурата Ида, која ги погоди нафтените полиња во Мексиканскиот Залив, ги поддржа цените на суровата нафта и валутите, изложени на движењата на цените на „црното злато“, што ја доведе норвешката круна на највисоко ниво во последните седум недели, пренесува Ројтерс.

Еврото ја достигна највисоката вредност во однос на американската валута од почетокот на август во тргувањето во Азија и се тргуваше по 1,1810 долари, додека јенот се тргуваше за 109,70 долари, што е најсилно ниво од минатата среда.