Еврото паѓа, нафтата го продолжува растот

Hа валутните пазари, доларот малку зајакна во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 97,69 поени, додека вчера во ова време беше 97,58 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,90 на 155,80 јени.

Сепак, американската валута зајакна во споредба со европската, па цената на еврото падна на 1,1805 долари, додека вчера во ова време беше 1,1820 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа по вчерашниот пад. На лондонскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,35 проценти, на 71,00 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,52 проценти, на 65,55 долари.