Еврото се лизна, повторно под еден долар

70

На валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути силно порасна по вчерашните податоци за инфлацијата во САД бидејќи ФЕД може да ги зголеми каматните стапки повеќе од очекуваното и да ги задржи на тие нивоа подолго од проценетото.
„Пазарот на пари сега очекува дека каматните стапки на ФЕД би можеле да достигнат 4,25 отсто до крајот на оваа година. Тоа би значело дека централната банка би можела да ги зголеми каматните стапки за 0,75, потоа повторно за 0,75, а потоа за 0,25 процентни поени во следните три сесии“, оценува Јуџин Леов, стратег во Дојче банк, пренесува SeeBiz.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 109,75 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 108,20 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна од вчерашните 142,65 на 144,55 јени, блиску до највисокото ниво во последните 24 години.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9980 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0128 долари.