Еврото скокна по најавените разговори Трамп-Путин, растат берзанските индекси

Еврото денеска скокна на највисоко ниво во последните две недели на бранот оптимизам за решавање на конфликтот во Украина, а европските берзански индекси се главно во пораст, како и цените на златото и пченицата.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Саудиска Арабија и дека веднаш ќе започне преговори со Москва, пренесува Trading Economics.

Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 22.323,50 поени, францускиот CAC 40 на 8.101,56 поени, московскиот MOEX на 3.176,02 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.758,40 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта падна на 70.845 долари, а на нафтата од типот брент на 74.622 долари.

Европските фјучерси на гас за март се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 54,5 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.914,04 долари за унца, а на пченицата на 5,7540 долари за бушел (бушел е 27,216 килограми).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,04228, што претставува пораст од 0,4 отсто.