Еврото во однос на доларот на највисоко ниво во последните шест месеци

Еврото денеска се искачи на највисоко ниво во последните шест месеци во однос на доларот, откако беше објавено дека Кина ќе ги зголеми царините за американските стоки од 34 на 84 отсто во последната ескалација на трговскиот конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг.

Ескалацијата предизвика промена во расположението на пазарот, при што инвеститорите делумно ги напуштаа традиционалните безбедни капитални засолништа како американските обврзници и доларот, пренесува Trading Economics.

Според податоците на берзата Forex, во 14:30 часот еврото се тргуваше за 1,10797 долари. денес, неговата највисока вредност од октомври 2024 година.

Фото:Pixabay