Еврото зајакнува во однос на доларот, цената на нафтата паѓа

Hа валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна, најмногу поради зајакнувањето на еврото.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, утринава се лизна за 0,3 отсто, на 106,20 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 0,1 отсто, на 149,45 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската за 0,5 отсто, па цената на еврото достигна 1,0515 долари.

Цените на нафтата сепак благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава падна за 0,13 отсто, на 74,35 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,26 отсто, на 70,20 долари.