Еврото значително зајакна

Еврото во последните денови значително порасна, особено во однос на доларот, а зголемувањето на вредноста се припишува на одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) која ја зголеми референтната каматна стапка на ниво кое не е забележано во претходните 22 години.

На светските берзи минатата недела соодносот на еврото во однос на доларот нагло порасна, достигнувајќи највисоко ниво за повеќе од еден месец, откако ЕЦБ ги зголеми каматните стапки и најави можност за дополнително заострување на монетарната политика.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела падна за 1,2 отсто, на 102,25 поени, блиску до најниското ниво за еден месец.

Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута потона за 1,8 отсто, па цената на еврото достигна 1,0940 долари, највисоко ниво во последните речиси пет недели.Сепак, како што пишува „Пословни дневник“, вредноста на доларот порасна во однос на јапонската валута, за 1,7 отсто, на 141,80 јени.