
Економскиот пад во еврозоната се продлабочи на почетокот на четвртиот квартал, објави денеска Markit Economics, наведувајќи дека Композитниот индекс на менаџери за набавка (PMI) во еврозоната паднал на 46,5 поени во октомври, од 47,2 поени во септември.
Овој резултат е во согласност со прелиминарната проценка објавена на 24 октомври.
PMI е параметар кој се користи како показател за економската активност, а резултатот под 50 укажува дека економијата е во состојба на контракција, односно пад на економската активност.