Еврозона: Трговскиот суфицит во септември изнесува 10 милијарди евра

28

Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во септември остварила суфицит од 10 милијарди евра во стоковната размена со остатокот од светот, објави денеска Евростат.

Земјите од еврозоната во септември извезоа стоки во остатокот од светот во вредност од 235,8 милијарди евра, што претставува пад од 9,3 отсто во споредба со септември 2022 година, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Во истиот период увозот на стоки е намален за 23,9 отсто на годишно ниво на 225,8 милијарди евра.