Еврозоната без договор за Грција, ќе се чека понеделник

16

Министрите за финансии од еврозоната не се договорија за новата транша помош за Грција и најавија дека повторно ќе се сретнат во понеделник.

Во пишаната изјава по маратонскиот состанок, претседателот Жан-Клод Јункер вели дека европските министри го прекинале состанокот за да се овозможи понатамошна тешничка работа на некои елементи на пакетот за помош и дека повторно ќе се сретнат во понеделник, на 26 ноември.

Откако Грција ги исполни обврските што од неа ги бараше Европа и ги изгласа мерките за драстично штедење, министрите од еврозоната треба да се договорат околу исплатата на следната транша од 31,5 милијарди евра.

Непостигнувањето на договор ги разочара и инвеститорите, па утрово на европските берзи е забележителен благ бад на цените на акциите.