Еврозоната и Атина се договорија, Грција ќе добива помош уште четири месеци

13

gr-eu

Министрите за финансии од еврозоната се согласија вчеравечер да ја продолжат програмата за финансиска помош на Грција за уште четири месеци.

Со договорот, кој треба да биде ратификуван кога кредиторите на Грција ќе бидат задоволни со листа на реформи што Грција треба да ја достави следната недела, завршува периодот на несигурност по изборот на новата грчка влада која вети дека ќе ги укине мерките на штедење.

“Вечерва беше направен првиот чекор во овој процес на обнова на довербата”, изјави Јероен Дијселблом, претседател на Еврогрупата, јавува Ројтерс.

Договорот е постигнат на третиот состанок во две недели, кога се правеа обиди да се пронајде компромис со Грција, која бараше продолжување на програмата за шест месеци. Со овој договор се отстранува директната опасност Грција да остане без пари на почетокот на идниот месец, кога истекува сегашната програма со меѓународната Тројка на кредитори – Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.