Еврозоната повторно лизга кон рецесија

27

Економијата во еврозоната повторно се намали во февруари и се лизнува кон нова рецесија поради постојаниот притисок од корона ограничувањата врз услужниот сектор, но директорите се оптимисти, покажа  извештајот на лондонската фирма за истражување Markit.

Индексот за набавки којшто опфаќа производен и услужен сектор во 19 држави, во февруари е зголемен за бод, на 48,8 бодови. Првичната проценка покажа поблаг раст на индексот на 48,1 поени.

Сè уште се движи под 50 поени, сигнализирајќи пад на активноста, четврти месец по ред.

“Еврозоната е на работ на нова рецесија, бидејќи деловната активност опаѓа четврти месец по ред“, заклучува Крис Вилијамсон, главен економист во Markit.

Земјите членки продолжуваат да бележат голем број нови инфекции и владите не попуштаат на мерките за заклучување во секторот за угостителство и забава, повикувајќи ги граѓаните да останат дома, потсетува Ројтерс.

Фото: Pixabay