Еврозоната со најголем раст на економската активност во последните две децении

23

Економската активност на еврозоната во јули бележи најголем месечен раст во последните две децении, најмногу затоа што рестриктивните мерки беа ублажени и поттикнаа поголема активност, покажува анализата на лондонската консултантска компанија, IHS Markit.

Но, стравот од нов бран негативно влијае на довербата меѓу раководителите на компаниите.

Во Германија, што е најголема европска економија, продолжи силно да закрепнува, додека економската активност во Франција ослабнала во јули повеќе од она што претходно било предвидено.

Надвор од еврозоната, во Велика Британија, брзото економско закрепнување од пандемијата имаше нагло забавување поради нов пораст на бројот на заразени.

Фото: Pexels