Еврозоната во август забележа дефицит во трговијата со стоки од 16,1 милијарда евра

Во август, Еврозоната имаше дефицит во трговијата со стоки со остатокот од светот од 16,1 милијарди евра, според првата проценка на Евростат објавена денес.

Во август минатата година, суфицитот изнесуваше 1,7 милијарди евра, додека во јули оваа година, еврозоната регистрираше суфицит од 10,7 милијарди евра, се додава во извештајот.

Извозот на стоки од земјите од Еврозоната во август достигна 222,7 милијарди евра, што е за 9,9 проценти повеќе од претходната година, а увозот се зголеми за 16,7 проценти, на 243,8 милијарди евра.

Растот на увозот беше особено изразен во случајот со енергетските производи, поради војната на Блискиот Исток и прекините во поморскиот транспорт на нафта преку Персискиот Залив.

Вредноста на увозот на нафта и нафтени деривати во Еврозоната се зголеми за 20,7 проценти, на 27 милијарди евра.

Дополнително, увозот на хемиски производи се зголеми за 11,2 проценти, на 29,8 милијарди евра, додека увозот на преработени производи се зголеми за 12,7 проценти, на 169,3 милијарди евра.

Во август, Европската Унија оствари и дефицит во трговијата со стоки со остатокот од светот, во износ од 25,2 милијарди евра.

Извозот од Европската Унија се зголеми во август за 9,4 проценти на годишно ниво на 202,9 милијарди евра, додека увозот се зголеми за 18,2 проценти на 228 милијарди евра.