Фото: Selle Royal
BMW Designworks заедно со британската компанија Selle Royal дизајнираа специјално седиште за електрични автомобили – eZone, пишува New Atlas.
Според Selle Royal, велосипедистите применуваат сосема различна сила додека возат електричен велосипед, а со тоа има поголеми шанси да се лизнат од рамно седиште како што имаат обичните велосипеди. За таа цел BMW и Selle го подигнаа задниот дел од седиштето со што се спречува лизгање на возачите наназад.
Седиштето е обложено со специјален гел што го намалува притисокот на осетливите делови коишто може да бидат притиснати за време на возењето. Во седиштето е вградена и рачка од фиберглас, којашто е дизајнирана да ги олесни движењата на велосипедите што имаат тешки батерии.
Selle Royal ќе почне да го продава eZone од октомври иако се уште нема одредено цена.