eZone – специјализирано седиште за електрични велосипеди

21

selle-royal-ezone-header

Фото: Selle Royal 

BMW Designworks заедно со британската компанија Selle Royal дизајнираа специјално седиште за електрични автомобили – eZone, пишува New Atlas.

Според Selle Royal, велосипедистите применуваат сосема различна сила додека возат електричен велосипед, а со тоа има поголеми шанси да се лизнат од рамно седиште како што имаат обичните велосипеди. За таа цел BMW и Selle го подигнаа задниот дел од седиштето со што се спречува лизгање на возачите наназад.

Седиштето е обложено со специјален гел што го намалува притисокот на осетливите делови коишто може да бидат притиснати за време на возењето. Во седиштето е вградена и рачка од фиберглас, којашто е дизајнирана да ги олесни движењата на велосипедите што имаат тешки батерии.

Selle Royal ќе почне да го продава eZone од октомври иако се уште нема одредено цена.