F. lashes, LED сијалички за трепки

40

trepki

Фото: Kickstarter

Дизајнерот Тиен Фан направи интерактивни светлечки декорации за очи кои се поставуваат на почетокот на трепките, а се состојат од 12 LED диоди за секое око. Оваа украсна декорација ги следи движењата на главата и ги прилагодува на светлечките модели.

Трепкање, прелевање, намигнување се некои од ефектите кои F. lashes може да ги постигне во зависност во зависност од движењата на личноста која ги носи. Сијаличките се ставаат на окото и поврзани се со тенки жици со базата кадешто е сместена батеријата. LED сијаличките светат во седум различни бои: бела, розова, црвена, жолта, зелена, темно сина и светло сина. Може да светат четири часа со едно полнење на батеријата и се водоотпорни, пишува New Atlas.

Откако дизајнерот ги носел трепките на еден настан во Калифорнија минатата година, неговата идеја стана вирална и сега трепките F. lashes се поставени на платформата за групно финансирање Kickstarter и чинат 40 долари. Целта е да се соберат 40.000 долари, а сумата е веќе надмината. До крајот на кампањата остануваат уште 16 дена и собрани се 102.157 долари.