Fabric Garden – првата 3D текстилна површина за садење на растенија

43

FABRIC-GARDEN_5-600x400-11Тајванскиот институт за истражување на текстил TWO+LAB  ја создаде Fabric Garden, првата хиперболична 3D површина од текстил на која што можат да се садат растенија.

Композитните влакна ја заменуваат почвата, создавајќи еден зелен модул идеален за садење на сè што ќе посакате, од цветни аранжмани на балконите до растенија што создаваат зелена фасада на градбите.

Меката текстилна површина и модуларната рамка можат да се прилагодат на рамна и на заоблена површина овозможувајќи лесно создавање на големи “живи” ѕидови, пишува Luxuo.

Fabric Garden модулите се исто така опремени со систем за снабдување со вода што може директно да се поврзе со канали за редовно наводнување, што пак им овозможува на дизајнерите да смислуваат различен шаблон за садење.

Проектот ја освои наградата Design Mark за 2015 во категоријата Дизајн на производ на овогодинешните награди Golden Pin Design во Тајван.

FABRIC-GARDEN_1FABRIC-GARDEN_2