Фабрика за чоколади од регионот гаси дел од производството

140

Фабриката за чоколади и бисквити Zvečevo од Пожега, Хрватска, гаси дел од производството и отпушта одреден број на работници.

Управата на Zvečevo оваа одлука ја донесе поради негативните трендови на пазарот во 2019 година, како и проекцијата за 2020 година, којашто значително влијае на профитабилноста на сите производи од нивниот производен асортиман.

Донесена е одлука за престанок на производство на одредени производи, реорганизација на производни процеси на сите производни линии и оптимизација на работни процеси во непроизводствени сектори.

Тоа се презема за да го одржат и продолжат со стабилно работење и долгорочно да ја задржат позицијата на своите производи и брендови на пазарот.

Фото: Facebook