Фабрика за играчки направи мече посветено на Меркел, а ќе чини 189 евра

39

Германска фабрика за играчки направи мече во чест на Ангела Меркел, додека канцеларката се подготвува политички да се пензионира по 16 години на чело на владата.

Hermann-Spielwaren, со седиште во баварскиот град Кобург, претстави играчка висока 40 сантиметри, која има одредена сличност со канцеларката.

Плишаното мече има фризура слична на Меркел, додека шепите се поставени на таков начин што го имитираат легендарниот гест на раката познат како Merkel romb.

Фабриката претходно произвела мече во чест на Барак Oбама, како и на поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит и кралицата Елизабета II. Ќе бидат произведени 500 Меркел мечиња, а ќе се продаваат по цена од 189 евра. Шеснаесеттиот произведен примерок ќе и биде подарен на канцеларката.