Фабриката на Tesla во Берлин произведува 5.000 автомобили неделно дури 50% помалку од планираното

92

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ сега произведува 5.000 автомобили неделно, на половина пат до својата прва производна цел за локацијата во Германија.

Првичната цел на компанијата е да произведува 10.000 возила неделно или 500.000 годишно.

Тесла произведува електрични автомобили во Грунхајде надвор од Берлин околу една година и претходно соопшти дека произведува околу 4.000 автомобили неделно.

Фабриката моментално вработува околу 10.000 луѓе, но планира дополнително да се прошири, со цел на крајот да произведе еден милион автомобили, иако не е јасно кога тоа би можело да се случи.

Првото барање за делумно одобрување беше поднесено до Државниот завод за животна средина во Бранденбург.

Сепак, еколошките активисти се загрижени дека плановите за проширување ќе влијаат на областа каде што водата е заштитена. Од компанијата велат дека не и треба дополнителна вода за проширување бидејќи сака да ги прочистува отпадните води.