Извршниот директор на Ферари Бенедето Виња објави дека новата фабрика за возила од новата генерација на производителот на луксузни автомобили ќе биде отворена во јуни 2024 година. Фабриката, лоцирана во Маранело, северна Италија, „ќе биде готова во јуни 2024 година“, две години по почетокот на изградбата, соопшти Виња. Таканаречената електронска зграда ќе има монтажни линии со флексибилност за изградба на електрични и неелектрични автомобили, додаде тој.
Ферари планира да го претстави својот прв електричен модел во четвртиот квартал од 2025 година, рече Виња. Се очекува моделите само со батерии и хибридните модели да доминираат во портфолиото на компанијата во втората половина на деценијата, додека хибридните автомобили ќе учествуваат со 35 проценти од испораките во текот на првиот квартал.
Транзицијата на Ферари кон електрификација напредуваше побавно од неговите ривали, а производителот на луксузни суперавтомобили презема внимателни чекори за да ги задржи клиентите кои купуваат мотори со внатрешно согорување, пренесува Танјуг.