Фабриките ги намалуваат цените, но побарувачката падна

39

Производната активност во еврозоната беше на најниско ниво годинава во септември, се вели во заклучокот од извештајот на S&P Global објавен денеска.

Побарувачката во еврозоната нагло падна и покрај тоа што фабриките ги намалија цените на своите производи, се додава во извештајот.

Конечната вредност на Индексот на менаџери за набавка во производството (PMI) во еврозоната изнесуваше 45 поени во септември, малку повисока од прелиминарната проценка од 44,8 поени, но сепак далеку под границата од 50 поени што го дели растот од контракцијата, пренесува Ројтерс.

– Вистински е срам што Шпанија, која изненадувачки добро се справува со сегашната економска ситуација, е само четврта по големина економија во еврозоната – коментира главниот економист на Хамбуршката трговска банка (ХЦОБ) Сајрус де ла Рубија.