Facebook at work – социјална мрежа за деловни корисници

16

faceook at work

Социјалната мрежа Facebook и официјално ја лансираше пилот верзијата на новата социјална мрежа Facebook at work. Станува збор за услуга што на компаниите им овозможува креирање на сопствени мали социјални мрежи преку кои вработените меѓусебно ќе се поврзат.

Facebook at work, што засега е апликација за iOS и Android системи, е достапен во ограничен број во партнерски компании, пишува Techcrunc.

Корисниците на новите услуги ќе може да креираат бизнис профили, а ќе имаат и можност за нивно поврзување со постоечки facebook профили.