Facebook ги укинува спонзорираните приказни

42

facebook-icon Пред неколку месеци, социјалната мрежа Facebook најави дека ќе го намали бројот на формати на огласи, меѓу кои се наоѓаат и спонзорираните приказни. Сега го објави и официјалниот датум кога тоа ќе се случи – 9 април 2014 година.
Сепак, тоа не значи дека се губи социјалниот контекст на огласите, туку оваа ставка повеќе нема да се нуди како посебна огласувачка единица.
Спонзорираните приказни се платено нагласувачка интеракција која вашите пријатели ја имаат на ФБ страниците, апликација или случувања. На пример, доколку некој од вашите пријатели има ставено like на страната или било каква содржина на неа, ја користел апликацијата или објавил дека ќе присустува на некое случување, сте можеле многу често за тоа да гледате информации во news feed, но и во десната колона додека трае огласната кампања.
Додека ова од една страна на огласувачите им овозможувало веродостоен досег до своите пријатели, фанови или корисници, од друга страна, користењето на личните имиња и фотографии предизвикало огромни проблеми во Facebook, кои довеле и до тужби во случаи каде корисниците се малолетни.