Facebook го купува WhatsApp за 16 милијади долари

14

WhatsApp WhatsApp минатата година имала повеќе од 400 милиони корисници во целиот свет, а нуди и неограничена и бесплатна резмена на пораки меѓу корисниците и е една од најпреземените мобилни апликации.
Марк Цукенберг изјави дека WhatsApp е на добар пат да поврзува милијади корисници и услугата за да се постигне оваа цел е од голема вредност. Цукенберг вели дека одамна го познава основачот на WhatsApp, Јан Коум и дека се радува на нивното идно заедничко партнерство.
“Изразито високата активност на корисниците на WhatsApp и брзиот раст се темелат на едноставноста, моќноста и моменталните можности во праќањето на пораките кои ги нудиме. Возбудени сме и почестени што имаме прилика да бидеме партнери со Марк Цукенберг и Facebook додека го нудиме нашиот производ низ целиот свет”, рече Коум.
Facebook ги објави и финансиските детали околу преземањето, кои делумно се состојат во исплати во акции. Така, WhatsApp, ќе добие 12 милијарди долари во акции од Facebook, 4 милијарди долари во готовина и дополнителни 3 милијарди долари во заштитени акции кои ќе им бидат исплатени на директорите.
Од Facebook информираат дека WhatsApp ќе продолжи да функционира како самостојна единица.
WhatsApp е често користена мобилна апликација во Европа и Јужна Америка, каде од пазарот е прифатена скоро од 80%. Едни од земјите во кои е најкористена се Германија, Бразил, Шпанија и Португалија.