Facebook ќе ги следи стапките на Instagram со криење на бројот на лајкови од профилите на корисниците.
Од денеска, корисниците во Австралија нема да можат да го видат бројот на лајкови и реакции од постовите на друг корисник на социјалната мрежа.
Оваа промена веќе се спроведува и од страна на Instagram во повеќе земји уште од јули. Според Facebook, отстранување на лајковите е обид да се намали социјалната тензија, пишува BBC.
Корисниците ќе имаат увид во бројката на лајкови на нивните објави, велат од компанијата.
“Со тоа што ќе се тргне бројката на лајкови од видливост корисниците ќе можат да се фокусираат на квалиетот на интеракциите и содржината“, потенцираат од Facebook.
Фото: Pixabay