Компанијата Facebook ги здружи силите со производителот на Ray – Ban за заедно да направат паметни очила кои на корисниците ќе им овозможат со помош на апликација да бидат во контакт со семејството и пријателите.
Основачот на Facebook, Марк Цукерберг најави соработка со компанијата за производство на очила EssilorLuxottica. Целта на здружувањето е да се популаризираат паметните очила со помош на брендот Ray – Ban.
Facebook соопшти дека првите очила за проширена реалност (AR) за потрошувачите ќе бидат пуштени во продажба следната година, а карактеристиките, деталите и цената на идните “Facebook за очи“ ќе бидат познати тогаш.
Фото : Facebook