Facebook преку својата апликација Messenger на корисниците ќе им овозможи да си повикаат такси услуга што е достапна преку Uber, пишува на официјалниот блог Facebook Newsroom.
Она што е потребно е да се симне последната верзија на Messenger и да се побара опцијата Transportation. Исто така, оваа услуга може да се користи директно преку веќе постоечки кориснички профил на Uber, којшто е првиот партнер на Facebook во лансирањето на овој вид на услуга.
Во ограничен временски период, корисниците кои прв пат ќе ја побараат оваа услуга, ќе добијат бесплатно возење со Uber во вредност до 20 долари.
Во овој момент, апликацијата е во фаза на тестирање, а ќе биде достапна на локации во САД каде што е присутен Uber. Facebook е во потрага и по други партнери со коишто ќе може да ја обезбеди оваа услуга на корисниците во повеќе земји во светот.