Facebook има нов начин за зачувување на приватноста кај корисниците

36

По многуте обвинувања за искористување на приватноста на своите корисници, Facebook претстави нов начин за подобро контролирање на податоците.

Социјалната мрежа ќе им овозможи на корисниците да ја избришат својата онлајн активност доколку не сакаат нивните податоци да се користат од страна на трети лица.

Тие ќе можат да ги видат, а со тоа и контролираат податоците што компанијата ги собира од нивните пребарувања низ веб страни и апликации пишува Reuters.

Таканаречената Off-Facebook Activity, што се дефинира кога некоја компанија споделува информација со Facebook за онлајн навиките на корисникот, ќе може да се избрише.

На тој начин ќе се изгуби трагата на тоа што корисникот го пребарувал, со што се зачувува и приватноста.

Алатката веќе функционира во Ирска, Јужна Кореа и Шпанија, а во следните месеци ќе биде достапна и на глобално ниво.

Фото:Pexels