Facebook објави дека потпишале договор за купопродажба со производителот на уреди за виртуелната реалност Oculus VR. Износот на трансакцијата изнесува 2 милијарди долари, односно 400 милиони долари во готово и 23,1 милиони долари во обични акции од Facebook.
Основачот на Facebook, Марк Цукерберг гледа голем потенцијал за развој на социјалната мрежа во контекст на виртуелната реалност.
Oculus VR е млада компанија од областа на технологијата, виртуелната реалност, која во центарот на технолошката јавност дојде откако го презентираше шлемот за играње игри во виртуелна 3D околина. Шлемот Oculus Rift целосно го вовлекува видекругот на корисниците во виртуелната средина и има движење на сензори кои овозможуваат компјутерски генерирана турнеја на светот во сите правци.