Facebook  ја лансираше новата апликација Rooms

23

rooms facebook

Најпопуларната социјална мрежа Facebook ја лансираше новата бесплатна апликација Rooms, пренесува Mashable.com.

Апликацијата им овозможува на повеќе луѓе да креираат “соба“ како своевиден форум, каде што ќе дискутираат на најразлични теми. “Собата“ може да биде во различна боја, симболи и фотографии, а дури и копчето Like може да се промени.

Целта на апликацијата е да се прилагоди стариот концепт на форумите во мобилниот свет. Апликацијата може да се користи анонимно и со пријавување со било каков псеводним.

Политиката на Rooms е сосема спротивна и поинаква од онаа на Facebook, каде што при регистрација е неопходна регистрација со вистинско име и презиме.