Експерименталната апликација на Facebook – Slingshot сега е достапна за Андроид и iOS системите низ целиот свет.
Апликацијата за прв пат беше лансирана минатата недела во САД, но за кратко време е достапна за корисниците низ целиот свет.
За Facebook е необично што глобално ги шири своите перформанси на нови територии, бидејќи нивната пракса е тест периодот на некоја апликација екслузивно да остане на корисниците од САД.
На пример, апликацијата Facebook paper, се уште не е официјално достапна за целиот свет, а ексклузивна можност да ја тестираат ја имаат само жителите на Америка.
Преку оваа апликација, по примерот на Snapchat, може да се разменуваат пораки со другите луѓе, но и слики и видеа. Она што ја прави оваа апликација различна е во тоа што доколку некој добие ваква порака ќе мора да врати со слична содржина. Во случај да не може корисникот веднаш да одговори, ќе може подоцна да ја види примената порака и да врати. Ваквите интерактивни пораки откако ќе се отворат, ќе бидат достапни краток период, а потоа се бришат од серверите.
“Со Slingshot сакавме да направиме сите да бидат креатори на содржина, а никој да не биде само гледач и набљудувач“, стои на официјалниот блог на Slingshot.