Facebook ја претстави својата криптовалута Libra

20

Facebook од следната година планира да има сопствена критповалута, наречена Libra, пишува BBC.

Според гигантот луѓето ќе можат да плаќаат со неа преку нејзините апликации и преку услугата за пораки  WhatsApp.

Од Facebook велат дека компании од типот на Uber и Visa во иднина се очекува да ја прифатат криптовалутата. Libra ќе биде независно управувана, а плаќањето со неа ќе биде лесно како “пишување на порака“.

Корисниците од следната година ќе можат да ја купат Libra преку платформи и да ја зачуваат во дигитален паричник наречен Calibra.

Од компанијата велат дека трансакциите ќе бидат речиси бесплатни, но се очекува дека Facebook ќе зема мала провизија на плаќањата направени преку нивните платформи.

Libra ќе бид управувана од групација на компании и добротворни организации наречена Libra Association, а Facebook ќе биде само една од нив.

Фото:Pixabay