Facebook ја презеде израелската компанија Onavo

30

facebook onavoFacebook вчера објави дека ја презел израелската стартап компанија Onavo, која се занимава со анализа на податоци добиени од мобилни апликации. Освен што ќе ги презеде нејзините кадри и технологија, Facebook од канцелариите во Тел Авив ќе направи седиште за својата израелска филијала, кое воедно ќе биде и центар за равој и истражување.

Одлуката на Facebook да го остави персоналот на истото место не беше едноставна за компанијата која сака своите ресурси да ги концентрира во Пало Алто кампусот. Претходните преземања на две израелски фирми, Snaptu во 2011 и Face.com во 2012 година, беа проследени со намалување на бројот на вработени и консолидирање на нивните тимови во своето седиште, пишува Haaretz.

Onavo е основана во 2010 година и се занимава пред се со развој на мобилни апликации и анализи и безбедносни проблеми на мобилните платформи.