Facebook ќе лансира интернет сателит на почетокот на 2019 година

17

Фото: Pexels

Иницијативата на Facebook, Internet.org има мисија да го поврзе целиот свет на Интернет со фокус на најзафрлените населени краеви, земјите во развој како и местата каде што нема интернет конекција поради неисплатливост, пишува Engadget.

Во таа насока компанијата на Цукерберг работи на лансирање на телекомуникациски сателити под кодното име Athena.

Проектот засега е во истражувачка фаза, но целта му е во иднина да лансира цела мрежа на интернетски сателити во орбитата на Земјата. Сличен проект се води и во SapceX и се нарекува Starlink, а основната идеја е да се покрие целата земја со безжичен интернет.

Facebook и во 2016 година имаше обид да лансира еден комуникациски сателит во орбитата, но таа ракета експлодираше при лансирањето. Потоа следеше уште еден проект Aquila во рамките на којшто беспилотни соларни летала кружеа на небото со месеци и служеа како предаватели.

Од компанијата потврдуваат дека со новиот проект остваруваат иста мисија како и претходно, одосно сакаат да донесат пристап на интернет во подрачјата каде тој е лош или непостоечки.

Првиот сателите ќе биде лансиран на почетокот на следната година.