Facebook ќе отвори три нови центри за дигитална писменост во Европа

98

education-facebookФото: Pixabay

Facebook објави дека ќе отвори три нови центри за дигитална писменост, а за нивни седишта одбрани се Шпанија, Полска и Италија. Компанијата веќе има отворено слични образовни установи во Нигерија и Бразил. Центрите ќе понудат курсеви за дигитална и медиумска писменост и безбедност на интернет, а ќе бидат наменети за постари луѓе, млади и бегалци, пишува Reuters.

“Луѓето се плашат дека дигиталната револуција ќе ги прегази и затоа сакаме да вложуваме во дигитално описменување со цел да им помогнеме да ги стекнат вештините потребни за да можат целосно да делуваат и да се вклучат во дигиталната економија“, изјави за Reuters бизнис директорот на Facebook, Шерил Сандберг.

Facebook планира до 2020 година да обучи еден милион граѓани и сопственици на бизниси, да организира обуки за 100.000 мали и средни бизниси и онлајн курсеви за 250.000 компании.