Facebook ќе плаќа 20 милиони долари отштета

32

fbОколу 614.000 корисници на Facebook чии лични податоци се појавиле во спонзорирани текстови на овој сајт без нивна дозвола, ќе добијат отштета од по 15 долари во рамките на судско порамнување кое ќе ја чини компанијата 20 милиони долари. Дел од парите ќе добијат организациите за заштита на приватноста на интернет.

Исплатата ја одобри судот во САД по тужбата што против Facebook ја подигнаа пет лица во 2011 година. Судијата Ричард Сиборг призна дека надоместокот од 15 долари е релативно мал, но не е утврдено дека Facebook го прекршил законот, затоа што подносителите на тужбата не можеле да докажат дека поради ова претрпеле било каква штета.

Судот проценил дека социјалната мрежа со оваа рекламна кампања заработила 73 милиони долари.