Facebook ќе плаќа надоместок поради погрешна проценка за ефективна реклама

53
People holding a Facebook icon

Facebook ќе им плати одреден надоместок на огласувачите за штетата поради погрешна проценка на ефективноста на рекламата во текот на една година, пренесува CNBC.

Компанијата ја исправила грешката во септември и сега им нуди надоместок на клиентите на кои погрешната проценка им направила трошок, но не навела колкав ќе биде надоместокот.

Грешка во таканаречениот conversion lift, којшто претставува проценка за ефективност на реклама наводно имала влијание врз илјадници реклами во период од август лани до истиот месец годинава.

Освен што е социјална мрежа, Facebook е и огромна рекламна платформа, чиј приход доаѓа од помалите огласувачи. Приходите по овој основ достигна 21,2 милијарди долари во третиот квартал од оваа година, додека се очекува наредните квартали да биде уште попрофитабилен.

Според Facebook, conversation lift им помага на огласувачите да разберат како рекламите носат приходи, користејќи методологија што ги поврзува рекламите на сите платформи на Facebook, вклучувајќи го и Instagram, со деловни резултати.

Фото: Freepik