Facebook ќе воведе гласовни команди?

49

Facebook1Социјалната мрежа Facebook наскоро планира на своите производи да воведе софтвер за препознавање и преведување на гласот, што во иднина би значело дека ќе може да ја контролираме оваа друштвена мрежа со помош на својот глас.

Ова следува откако Facebook официјално го потврди купувањето на технолошката компанија Mobile Technologies специјализирана за производство на софтвер за препознавање на глас.

Mobile Technologies е основана во 2001 година. Таа ја развиваше апликацијата Jibbigo што по нивните зборови е “прв во светот преведувач на говорот во говор”, во 2009. Апликацијата е достапна за iOS и Android и може да работи со 25 јазика.

Oвој чекор на Facebook и не е некое изненадување со оглед на тоа дека Google Translate и Apple Siri веќе нудат можност за преведување на глас од еден на друг јазик.

Се претпоставува дека ова е само почеток на воведувањето можност за управување на Facebook со гласовни команди и дека таа опција ќе биде достапна за корисниците на глобално ниво.