Facebook ќе воведе нови правила за приватност

21

Фото: Pixabay

Facebook ќе воведе нови правила за контрола, односно заштита на приватноста што ќе се однесуваат за сите корисници, се вели во официјалното соопштение на компанијата. Со тоа една од најпопуларните социјални мрежи ќе се усогласи со одредбата на ЕУ за заштита на податоци којашто стапува на сила на 25-ти мај.

При логирање, Facebook ќе му посочи на секој корисник, без оглед на тоа од која земја потекнува или од кога му е важечки профилот, да ги провери своите опции за приватност и да ги преиспита опциите за информациите коишто ги споделува.

Facebook, исто така, најавува дека ќе се врати опцијата за препознавање на ликовите во Европа и Канада, откако судовите пред седум години пресудија дека системот за фотографирање на Facebook собира биометриски податоци без соодветна согласност од корисникот.

Новите правила прво ќе почнат да важат за европските корисници, а потоа ќе се прошират на глобално ниво.