Facebook ќе вработува преку 1.000 луѓе

45

facebook

Популарната социјална мрежа Facebook во текот на минатата година оствари придонес од 227 милијарди долари за глобалната економија и поттикна отворање на 4,5 милиони работни места, покажува анализата на консултантската компанија Deloitte.

Facebook има над 8.000 вработени, а остатокот отпаѓа на индиректна поддршка за отворање нови работни места поврзани со маркетинг на социјални медиуми, дури и отворање фирми за интернет опрема, пишува CNN Money.

Во анализата се наведува дека оваа глобална мрежа “направи значајна глобална економска активност, помагајќи да се отворат нови можности преку поврзување на луѓето и бизнисите и надминувајќи ги бариерите во маркетингот, како и стимулирање на иновациите“.

Deloitte проценува дека маркетинг платформата на Facebook додаде 148 милијарди долари во глобалната економија. Креаторите на апликации за оваа социјална мрежа додадоа дополнителни 29 милијарди долари, додека остатокот од 50 милијарди долари отпаѓа на продажбата на модерни и паметни телефони “мотивирани од Facebook“.

Покрај тоа, оваа социјална мрежа планира отворање на 1.159 нови работни места, што е во рамки на амбициозниот план за раст на компанијата. Бројот на вработени порасна за 44% на крајот на септември минатата година. Најголем дел од отворените работни места се однесуваат за продажба на реклами.