Компанијата Facebook соопшти дека воведува нови правила со кои рекламите против вакцинацијата ќе бидат отстранети.
Ваквите измени се чекор напред во претходните промени во политиката на Facebook со кои се забранија дезинформации и лажни вести за вакцините.
“Ако рекламата има за цел да ги одврати потрошувачите од вакцината, ние ќе ја одбиеме“, наведоа Канг-Син Џин, главниот здравствен директор на компанијата и Роб Корен, директор за управување со производи.
Сепак, како што пишува Guardian ќе бидат дозволени реклами и објави кои се “за“ или “против“ законодавствата и политиките кои се однесуваат на вакцинацијата, вклучително и за Ковид-19.
Новите правила се дел од низата измени во политиките што ги прави Facebook периодов обидувајќи се да се ослободи од проблематичните содржини.
Фото: Freepik