Facebook Messenger добива суштинска опција за подобрување на безбедноста

107

Услугата Facebook Messenger, во сопственост на Меtа, доби некои нови функции во врска со шифрирањето на разговорите од „крај до крај“ (end-to-end).

За разлика од WhatsApp (кој исто така е дел од Meta), кој има стандардно шифрирање од „крај до крај“ за сите разговори, во Messenger корисникот мора да оди во менито посебно и да отвори посебен, енкриптиран разговор од „крај до крај“.

Корисниците кои го прават тоа ќе бидат задоволни од новата промена во услугата, бидејќи повеќе не се ограничени на разговори еден на еден. Сега е можно шифрирање од крај до крај за групни чатови и повици (глас и видео).

За пораките кои сами се бришат и шифрираните разговори од „крај до крај“, корисникот ќе добие и известување кога некој ќе создаде слика од екранот. GIF и налепници, како и реакции, одговори и индикатори за пишување, сега се достапни за овие разговори.

Шифрираните повици од „крај до крај“ ќе прикажуваат беџови за проверени сметки, а корисникот ќе може да го зачува секое видео или фотографија што ќе ги прими со долго притискање, како и да го обработи видеото или фотографијата пред да ги испрати.