TikTok е прогласена за најсимнувана апликација во светот, преземајќи го првото место од Facebook Messenger, објави компанијата за дигитална аналитика App Annie.
Кинеската платформа за размена на видеозаписи е единствената апликација што не е во сопственост на Facebook, меѓу првите пет најпреземани во светот.
Сопственикот на TikTok, ByteDance, мултинационална компанија за интернет технологија со седиште во Пекинг, и во сопствената земја го држи првото место и тоа со видео апликација на кинески јазик – Douyin.
Популарноста на TikTok продолжи да расте особено откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да ја забрани во САД.
Фото: Pixabay